“НА РАФАЕЛ НАДАЛ МУ ОДИ ДОБРО, НО ЈАС СЕ ПЛАШАМ…“ – Легендарниот тренер открива зошто е загрижен за ‘кам-бекот’ на Шпанецот: “Сега е се поинаку“

Тренерот Карлос Моја изјави дека шпанскиот тенисер Рафаел Надал тренира многу добро откако се опоравува од повредата на колкот, но дека е загрижен дали неговото тело ќе може да ги издржи тешките услови на натпреварување на Грен Слем турнирите.

Рафаел Надал нема играно од јануари кога се повреди за време на неговиот натпревар од второто коло на Австралија Опен против Мекензи Мекдоналд.

Во мај, нешто повеќе од една недела пред почетокот на неговиот омилен Ролан ГаросРафаел Надал објави дека ќе го пропушти турнирот што го освои рекордни 14 пати. Тој тогаш кажа дека се надева дека ќе се врати на тенисот во 2024 година, што може да биде негова последна сезона во кариерата.

Тој беше опериран во јуни, а на теренот ќе се врати во јануари на турнирот во Бризбејн, последен пред почетокот на Австралија Опен, каде освои две од 22-те Грен Слем титули.

Рафа мора да почне од тренинзите, што му оди многу добро, до натпреварувањето. Невозможно е да имаш исти услови на тренинг и на натпревар. Да одиграш пет сета, да победиш, да се одмориш и да се вратиш на теренот два дена подоцна… Тоа е сомнеж за мене во моментов, особено за Грен Слем турнирите. Но, имаме време, ако Австралија Опен започне утре, тоа би било вистински страв“, изјави Карлос Моја за веб-страницата на АТП.

Рафаел Надал
Рафаел Надал

Првиот Грен Слем турнир во 2024 година ќе се одржи од 14. до 28. јануари во Мелбурн.

Останува уште еден месец, пред тоа е Бризбејн, кој бара тренинзи… Мислам дека сето тоа ќе го стави во позиција да го издржи. Но, сега се плашам“, додава Карлос Моја.

Рафаел Надал на почетокот на годината отпадна од првите 100 играчи во светот за првпат по 20 години.

Карлос Моја вели дека Надал нема да може да ги избегне тешките противници во почетната фаза на турнирот и дека му треба добра ждрепка за да влезе во ритам.

Никогаш не мислев дека на Рафа му треба ритам, бидејќи е премногу добар за тоа. Но, сега ситуацијата е поинаква“, заклучува Карлос Моја.