Ако ставите чаша оцет во близина на шпоретот, полесно ќе се ослободите од несаканите мириси.
Домаќинките препорачуваат едноставен трик кој ви помага да се ослободите од непријатните мириси кои ве мачат додека подготвувате вкусно јадење во кујната.
Имено, при подготовка на храната, особено при готвење јадења со силни мириси како риба или масло за пржење, во домот може да останат несакани мириси. Најлесен и најбрз начин да се ослободите од нив е да истурите оцет во чаша и да го ставите до шпоретот.
Оцетот има моќ да ги неутрализира непријатните мириси пред да се рашират низ просторијата. Експертите дури сугерираат дека можете да оставите чаша оцет преку ноќ бидејќи ќе ги апсорбира сите непријатни мириси во текот на ноќта.
Ако нешто случајно се истури или изгори додека готвите, добар трик е да зовриете вода со оцет во тенџере.
Пареата што се создава за време на овој процес ефикасно ќе ги отстрани непријатните мириси од просторијата. Исто така, не заборавајте да ги проветрувате просториите со отворање на прозорците за да циркулира свеж воздух.