Заборавете на ракчиња и чоколадо: ова се намирниците кои го подобруваат вашето либидо

Заборавете на егзотичната храна, како што се ракчињата и остригите, бидејќи храната која може да го зголеми вашето либидо, многу веројатно е да се најде во вашата кујна…

Сексуалното расположение првенствено го одредува либидото, но на него влијаат биолошки, психолошки и социјални фактори. Здравото либидо е знак за здраво тело, додека неговиот недостаток може да укажува на различни проблеми. 

Затоа, клучното прашање не е како можете да го подобрите вашиот сексуален нагон, туку зошто тоа ви недостасува на прво место? Списокот на намирници што ви ги претставуваме не е тука за да го замени лекарскиот преглед со кој ќе разговарате за вашето ниско либидо, туку може да послужи како прва помош и сигурен начин за подобрување на здравјето на целото тело.

Заборавете на школките, чоколадите и јагодите и погледнете ја листата подолу за да го подобрите вашето сексуално расположение овој викенд.

Мед

Медот е богат со бор, супстанца која помага во зајакнувањето на коските, мускулната координација, ја промовира синтезата на протеините и го зголемува природното производство на тестостерон.

Шафран

Од денес се ќе готвите со шафран! Како што се испостави, супстанциите што се наоѓаат во шафранот ја подобруваат еректилната дисфункција кај мажите и го зголемуваат либидото кај жените. Студијата од 2012 година на жените со низок сексуален нагон им дава 30 грама шафран дневно во текот на четири недели и покажа дека го зголемува сексуалниот нагон.

Лубеница

Лубеницата е една од најефикасните намирници за подобрување на сексуалниот нагон, бидејќи содржи аминокиселина цитрулин, која им помага на крвните садови да се релаксираат и да го подобрат сексуалниот нагон на една личност. Да, лубеницата се состои од 92% вода, но тие 8% содржат состојки кои го подобруваат вашето целокупно здравје и сексуален нагон.

Лук

Алицинот е соединение кое се наоѓа во лукот и помага во намалување на кортизолот. Кортизолот го потиснува имунолошкиот систем и исто така го потиснува природното производство на тестостерон.

Авокадо

Авокадото е богато со витамин Е, кој е моќен антиоксиданс вклучен во проширувањето на крвните садови. Како резултат на тоа, имате соодветно снабдување со крв во различни делови од телото, вклучувајќи ги и гениталиите.