Забрана за брак за лица под 18 години: Во Англија и Велс стапи на сила нов закон, прекршителите до 7 години затвор
– Во Англија и Велс денеска стапи во сила мерката за зголемување на минималната возраст за брак од 16 на 18 години, во согласност со законот усвоен минатата година за заштита на малолетници од принудни бракови.
Дури и со родителска согласност, сега е забрането малолетно лице да стапи во брак или да формира граѓанска заедница. Ова исто така важи и за верски или „традиционални“ церемонии кои немаат правна вредност.
Досега бракот се дозволуваше од 16 години под услов децата да имаат родителска согласност.
Во текот на 2021 година, биле пријавени 118 случаи на малолетници во Службата за принудни бракови, која е одговорна за советување и помагање на жртвите на таквите присилни заедници.
Младите девојки се главните жртви. Според Министерството за правда, 119 девојчиња помлади од 18 години биле принудени на брак во Англија и Велс во 2018 година, наспроти 28 тинејџери.
– Законот сега подобро ќе ги заштити загрозените млади луѓе, со сузбивање на принудните бракови во нашето општество, потенцираше британскиот министер за правда Доминик Раб.
Лицата одговорни за договарање на брак на малолетници се соочуваат со казна затвор до седум години.