ЗАВИTКАНА СО ЗНАМЕТО НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА го прослави триумфот: Кој е новиот победник на натпреварот „Ѕвезде Гранда“?
Ова не е нејзино прво шоу каде го покажа својот талент.
Финалниот, 16-ти по ред натпреварување „Ѕвезда Гранда“ заврши синоќа, кога 17 натпреварувачи се обидоа да победат.
Победи кандидатката од Северна Македонија, Славица Англова .
Покрај титулата за најдобар пејач, оваа сезона победникот доби статуа, автомобил Фиат Типо, песна, спот и комплетен маркетинг .
– Им благодарам на сите што гласаа за мене. Голема благодарност до мојот ментор Ѓорѓе Давид, кој несебично се залагаше за сите нас. Искрено сум шокирана – победничката едвај проговори откако и ја врачија статуата, а набрзо се обви во знамето на Северна Македонија.
Освен младата пејачка, среќа не можеше да има и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид, кој првпат триумфираше како ментор во „Ѕвезда Гранда“.
Ангелова е од Струмица, а јавноста ја запозна во емисијата „Неки нови клинци“.
Со години пее, а во слободно време сака да патува. Нејзини музички примери се Тања Бањанин и Калиопи.
Како нејзини доблести ги посочува амбициозноста и опуштеноста, а најголема мана и е тврдоглавоста, како што призна во биографијата за кандидатите на овој популарен музички натпревар.