Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот во Република Северна Македонија денеска во Манастир го организира завршниот настан од проектот Interreg 9 IPA CBC Грција – Република Македонија 2014-2020.
Настанот, како што е најавено, има за цел споделување успешна соработка, важна за развој на туризмот во руралните средини.
Interreg IPA CBC програмата „Грција – Република Македонија 2014-2020“ е програма за прекугранична соработка, кофинансирана од Европската Унија во рамките на Инструментот за пристапна помош (ИПА II). Вкупниот буџет на Програмата за периодот 2014-2020 година изнесува 45.470.066 евра.
ABOVE е проект кој има за цел да сними неколку локации во Република Македонија и Република Грција од птичја перспектива со помош на технологија на дронови.