Завршија разговорите меѓу САД, Украина и Турција во Истанбул

Во Истанбул заврши средбата меѓу САД, Украина и Турција .

Разговорите траеја малку подолго од еден час.

Во украинската делегација беа шефот на претседателскиот кабинет Андриј Јермак, министерот за одбрана Рустем Умеров и министерот за надворешни работи Андриј Сибега, објавија украинските медиуми.

Делегацијата на САД на трилатералниот состанок е претставена од државниот секретар Марко Рубио, специјалниот пратеник Кит Келог и амбасадорот на САД во Турција, Том Барак.

Турција ја претставуваат шефот на Националната разузнавачка организација, Ибрахим Калин, и шефот на Министерството за надворешни работи, Хакан Фидан.

Претходно денес, украинската делегација се сретна со претставници од САД, Велика Британија, Германија и Франција во Истанбул, јавува Би-Би-Си.

Според извештајот, утрово во Истанбул, украинскиот советник за национална безбедност Андриј Јермак, министерот за надворешни работи Андриј Сибиха и министерот за одбрана Рустем Умеров се сретнаа со советници за национална безбедност од Велика Британија, САД, Германија и Франција.

Стејт департментот објави дека директорот за политика за планирање во Стејт департментот, Мајкл Антон, ќе ги претставува САД на денешните разговори на работно ниво со руската делегација во Истанбул.

За потсетување, денес во Истанбул ќе се одржат трилатерални средби наместо мировните преговори што требаше да започнат меѓу делегациите на Русија и Украина во турскиот мегалополис.

Трилатерални преговори меѓу САД, Украина и Турција“ од една страна и меѓу „Руската Федерација, Украина и Турција“ од друга страна се на дневен ред, рече изворот.

Затоа, како што сега изгледа, директни преговори меѓу Русија и Украина нема да се одржат.

Турција денес ќе учествува на два трилатерални состаноци во Истанбул, како дел од новите дипломатски напори за завршување на војната во Украина, соопштија извори од турското Министерство за надворешни работи, пренесуваат агенциите.

Средба меѓу турските, американските и украинските претставници е закажана за 9:45 часот наутро по европско време. После тоа, американската страна ќе биде заменета со руската, а турската, руската и украинската делегација ќе разговараат во 11:30 часот по европско време, соопштија извори, според Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан веќе се сретна со советникот на претседателот Владимир Путин, Владимир Медински, во четвртокот вечерта, а турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и украинскиот претседател Володимир Зеленски, исто така, имаа долг разговор.