Обдукцијата на телото на 14-годишната Вања Ѓорѓевска во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје вчера е завршена и телото е предадено на семејството, потврдуваат извори од истрагата.
Во тек се анализите по обдукцијата со кои треба да се утврдат причините за смртта, како и времето кога девојчето починало и по целосното завршување ќе биде направен обдукциски извештај кој со сите целосни податоци и анализи ќе биде доставен до Основното јавно обвинителство Скопје.
Овој извештај ќе биде дел од клучните докази во истрагата за овој грозоморен настан.
Наскоро повеќе…