Заврши средбата Мицкоски-Таравари! Влада на РМ: Средбата беше во конструктивен дух

Средбата меѓу премиерот Христијан Мицкоски и Арбен Таравари во Владата, која започна во 17:00 часот, заврши, се вели во краткото соопштение од Владата.

„Средбата заврши во конструктивен дух“, соопшти Владата.

Разговорите продолжуваат и иднината на функционирањето на Алијансата за Албанците од Таравари ќе биде позната овој месец.

„Мицкоски ги потврди ставовите јавно искажани на состанокот“, се наведува во соопштението на Владата.