ЗАГРОЗЕНО Е ЗДРАВЈЕТО НА БОБА ЖИВОЈИНОВИЌ – Сопругот на Брена повторно минува низ пекол, еве за што се работи
Сопругот на Брена има сериозни проблеми, им претстои важна битка.
Хедонист како Слободан Боба Живојиновиќ, никогаш не криел дека сака да ужива во животот, меѓу другото, и во вкусни грицки, а резултатот се наталожените килограми.
Боба веќе еднаш успешно се справи со оваа болест, но последниве месеци повторно се соочува со неа. Последен пат јавно проговори за тоа:
– Пишуваат за тоа, но јас не обрнувам внимание. Знаете како, јас работам по 20 часа, досега, фала богу, добро сум. Резултатите покажуваат добри параметри. Дека имам вишок килограми, тоа е точно, но некако ги носам – изјавил Боба за тамошните медиуми, кој детално опишал како го „нокаутирал непријателот“:
– Ветив по мечот со Чесите дека до финалето против Франција ќе ослабам 20 килограми и тоа ветување го исполнив. Навистина имав вишок килограми, јадев неконтролирано, не вежбав, се мрзев и накачив повеќе од 125 килограми… Но сега сум на пат да се вратам во топ форма – изјави тој за локалните медиуми и додаде дека нема тајни како успеал да ослабне повеќе од 20 килограми за 60 дена.
– Нема голема тајна, внимавав што јадам, најдов време да тренирам и килограмите одлетаа… Тестото, лебот и слатките ги исфрлив од исхраната, речиси целосно… Би било глупаво да се појавам пред егзибицискиот натпревар и камерите во „Пионир“ во тоа издание. Навистина би ми било непријатно да излезам дебел така пред Леконте и Санчез, кои и до ден денес се во одлична форма – искрен беше Боба, кој по последните повици дека повторно има вишок килограми, се уште не се изјаснил.
И сопругата на Боба, фолк дивата Лепа Брена ја коментираше неговата борба со килограмите.
– Здравствената состојба на Боба е толку интимна тема што не сакам да ја споделам со јавноста. Кога ќе одлучи нешто, ќе го направи тоа. Истото важи и за сите луѓе кои се борат со килограмите, не можеме да ги присилиме, но треба да им помогнеме сами да го решат проблемот. Затоа верувам дека кога Боба сака да го реши тоа ќе го направи, бидејќи досега во животот постигнал се што наумил. Се надевам дека и ова ќе биде – рекла Брена која за секоја годишнина од бракот објавува свадбени фотографии на кои покажува колку бил згоден Боба.
Боба и Брена се венчаа на 7 декември 1991 година, а нивната венчавка и денес важи за една од најгламурозните на нашите простори.
Лепа Брена и Боба Живојиновиќ имаат два сина Стефан и Виктор, додека поранешниот тенисер од првиот брак го има синот Филип.