Задоцнила на летот на авионот кој подоцна се урна: Од списокот на патници преживеаја само таа и нејзиниот сопруг, а неколку дена подоцна судбината пак ги пречека (фото)

Жената која ја избегна смртта кога таа и нејзиниот сопруг за влакно го пропуштија летот 447 на Ер Франс кој потоа падна во Атлантскиот Океан, почина во сообраќајна несреќа само неколку дена подоцна.

Светот беше и остана импресиониран од приказната за Јохана Ганталер и нејзиниот сопруг.

Оваа италијанска државјанка била на одмор во Бразил со својот сопруг Курт и купила авионска карта за Париз. Како што објавија медиумите, оваа двојка во 2009 година доцнела на летот 447 на Ер Франс од Рио де Жанеиро до француската престолнина. Потоа, само неколку часа по полетувањето, авионот на Ер Франс се урна во Атлантскиот Океан на 1 јуни, што беше најголемата несреќа во историјата на компанијата.

Во таа прилика загинаа сите 216 патници и 12 членови на екипажот, а истрагата за причините за падот на овој авион траеше три години. Летот 447 исчезна од радарот набргу по полетувањето од Рио де Жанеиро и се верува дека се распаднал веднаш по напуштањето на аеродромот во Бразил со 228 луѓе.

Околу 30 тела се извлечени од океанот на местото каде што авионот Ербас падна во водата.

Приказната би имала малку посреќен крај доколку заврши тука.

Јохана, која доцна пристигна на аеродромот и го пропушти летот на Ер Франс, загина во сообраќајна несреќа само неколку дена подоцна.

Таа и нејзиниот сопруг безбедно полетаа од Бразил до германскиот град Минхен, а потоа оттаму се возеа до италијанскиот регион Болзано (Јужен Тирол).

На пат кон Куфштајн, Австрија, нивниот автомобил налета на камион кој доаѓаше од другата насока. Јохана починала откако била пренесена во болница, а нејзиниот сопруг е тешко повреден и е во критична состојба.