Зад лицето на оваа ,,жена” се криел монструм! Ученичка го откри хоророт што го доживеала: Сè започна со еден повик (фото)

Поранешниот месар кој во болен напад сексуално злоставувал основец 27 часа, осуден е на 20 години затвор.

Ендрју Милер, кој исто така се вика Ејми Џорџ, бил облечен како жена кога во февруари и’ ce понудил на девојката да ја префрли со колата, иаки никогаш претходно не ја познавал.

Во она што судијата го опиша како „најлошиот кошмар на секој родител“, Милер ја однел девојката во својот дом и неколку пати ја нападнал.

Таа била затворена во неговиот дом 27 часа, а за тоа време постојано била допирана и принудена да гледа порнографија.

Таа повикала полиција откако Милер (53), кој носел женска долна облека за време на нападот, заспал.

Напаѓачот и’ рекол на полицијата дека му понудил на девојчето превоз „затоа што се смрзнувала“ и тврдел дека принудувањето да спие во кревет со него „било мајчинска работа“.

По неговото апсење, одземени се три лаптопи и пронајдени 242 непристојни слики на деца.

Во Високиот суд во Единбург во мај, Милер се изјасни за виновен по обвиненијата за киднапирање, сексуален напад, гледање порнографија во присуство на дете под 13 години и поседување 242 непристојни слики на деца.

При изрекувањето на пресудата за Милер, судијата рече дека случајот е болен поради неговата изопаченост и сексуална девијација.

– При апсењето го негиравте киднапирањето и апсурдно кажавте дека се однесувате како мајка. Киднапирање на мали деца со цел сексуална тортура секако не е – рече тој.

Судијата рече дека облекувањето на Милер како женско е отежнувачки фактор бидејќи мала е веројатноста дека девојката би се качила во неговиот автомобил доколку тој се претставил како маж.

На судот му беше кажано дека Милер, кој е во машки затвор, е во процес на родова транзиција. Претходно, судијата ги опиша прекршоците на Милер како грозоморни злосторства на екстремно отстапување и разврат.