Заев е единствениот политичар од Западен Балкан што Меркел го споменала во мемоарите, пишува германски новинар

Поранешниот македонски премиер, Зоран Заев е единствениот жив политичар од Балканот кого поранешната германска канцеларка, Ангела Меркел, експлицитно го споменува во своите меморари, пишува германскиот новинар Михаел Мартенс од „Франфуртер алгемајне цајтунг“ во својата објава на „Икс“.

Меркел го опишала поранешниот премиер како храбар и решителен, открива новинарот додавајќи дека таа не ги спомнува ниту српскиот претседател Александар Вучиќ, ниту премиерот на Албанија, Еди Рама, ниту Бојко Борисов ниту поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Не се споменува ниту поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц.

Мемоарите на Ангела Меркел насловени како „Слобода“ беа промовирани во Берлин, по три години откако таа ја напушти функцијата.