Заев-Ципрас: Растот на националистичкиот популизам е загрижувачки

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас телефонски разговарал со поранешниот премиер на Македонија, Зоран Заев, на разговори за последните политички случувања во Македонија, пишува „Катимерини“.

Извори блиски до Ципрас за весникот изјавија дека поранешните лидери ја истакнале важноста од зачувување на Договорот од Преспа од 2018 година и продолжување на соработката меѓу нивните земји, особено напорите на Македонија да се приклучи кон Европската унија и стабилноста на регионот на Западен Балкан.

Тие изразија загриженост за порастот на националистичкиот популизам од двете страни, нарекувајќи го лицемерен и опасен.

Двајцата политичари се согласија да продолжат со иницијативите насочени кон одржување на мирот, зачувување на Договорот од Преспа и поттикнување на поблиски односи меѓу граѓаните на Грција и Македонија.