Заедничка превентивна акција на МВР и општините Кисела Вода и Центар

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски заедно со градоначалниците на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и на Центар Горан Герасимовски спроведоа заедничка превентивна акција низ централното градско подрачје на Скопје и во Кисела Вода.

Оваа заедничка иницијатива беше со цел да се утврди состојбата на самото место со присуство на малолетници во ноќните часови и низ разговор со нив да се испрати порака колку е важна превенцијата во спречување на малолетничката деликвенција, соопшти МВР.

Министерот Тошковски подвлече дека координацијата меѓу МВР и локалните самоуправи е добар пример во креирањето ефикасни механизми за превенција и заштита на јавниот ред и мир.