,,Заедно постигнавме подобар резултат“ Ковачевски: Одиме кон европскиот пат и тоа го направивме сами, без никој да ни помогне
Премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на насобраните луѓе на отворањето на Вториот меѓународен саем за вино Визија на отворениот Балкан.
– Можеме да потврдиме дека имаме силни врски, кои се голем поттик за нашите економии – рече тој и наброја дел од заедничките проекти.
– Заедно одиме кон европскиот пат и тоа го направивме сами, без никој да ни помогне – рече Ковачевски.
– Многу е значаен и придонесот за создавање на единствен пазар на Западен Балкан, а со тоа и поврзување со европскиот пазар. Заедно направивме подобар резултат – рече тој и додаде дека преку иницијативата на Отворен Балкан веќе гледаме јасни бројки кои ги покажуваат придобивките што ги донесе оваа иницијатива.