Заедно се 24 години! Дејвид и Викторија Бекам ја откриваат тајната на среќниот брак а тоа е поврзано со градината (фото)
Дејвид и Викторија Бекам се заедно 24 години, имаат четири деца, а покрај сите предизвици (вклучувајќи ја и прељубата која фудбалерот јавно ја призна), нивниот брак не само што опстојува, туку се чини дека од ден на ден станува сè поцврст.
Која е нивната тајна, што е она што го прават што им помага да ја одржат среќата и хармонијата во бракот?
Според нив, најважно е прифаќањето и поддршката што си ја пружаат еден на друг. Дејвид секогаш прв со ентузијазам зборува за новите проекти на сопругата, а таа не пропушта ниту еден настан поврзан со нејзиниот сопруг. Тие исто така работат на меѓусебните односи секој ден.
,,Постојат тешки ситуации со кои треба да се справите. И постои далечина, кога вие и вашата сакана треба да бидете далеку еден од друг. Сето тоа ве принудува да работите на вашата врска секоја секунда”, рекол еднаш Дејвид.
Двојката призна дека сè уште одат на состаноци и се обидуваат да ја одржат романсата во живот. Дејвид рекол дека во нивната градина има белведер, каде што доаѓаат кога врне, пијат вино и се бакнуваат…
Ова романтично место им е омилено поради многу причини, имаат можност да бидат сами и малку да се одвојат од децата, но и да се потсетат на најубавите и најнежните моменти од нивниот заеднички живот.