Закажана е пресудата за масакрот во ,,Рибникар!” Еве кога ќе биде донесена одлуката за родителите на момчето убиец

Шокантни сцени можеа да се видат денеска во Палатата на правдата, каде речиси пет часа траеше судењето на Владимир и Миљана Кецмановиќ, родителите на момчето убиец кое на 3 мај 2023 година уби девет негови врсници и еден чувар.

Како што пишува српскиот портал Курир денеска е завршена доказната постапка и изнесени завршни зборови, а објавувањето на пресудата е закажано за 30 декември во 13 часот.

– Изрекувањето на пресудата ќе биде јавно. Без разлика што судењето беше затворено за јавноста, одлуката секогаш се чита во присуство на јавноста. Дали ќе ја исклучи јавноста советот ќе одлучи само при објавување на причините за пресудата – објаснува соговорникот на српскиот портал Курир.

Тага, болка и солзи беа присутни уште од утрото кога пред судот масовно се појавија семејствата на убиените деца.

Судијата неколку пати одложуваше поради родителите на жртвите кои тешко се справуваа денеска. Тие еден по еден го напуштаа судот вознемирени, додека молчејќи и во солзи се оддалечуваа од судницата.

Да потсетиме, главниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград, Ненад Стефановиќ во завршниот говор пред пресудата против Владимир и Миљана Кецмановиќ побара од судот максимални законски казни за нив.

Да потсетиме, тој изјави дека смета дека за Кецмановиќ нема олеснителни, туку само отежнувачки околности.

По завршувањето на судењето, адвокатката на оштетената Зора Добричанин кусо зборуваше за медиумите.

– Претставниците на оштетените денеска немаат изјава за вас, бидејќи тоа што би сакале да ви го кажеме и каков е нашиот севкупен впечаток, не можеме да го кажеме, а ако разговараме само за да разговараме, нема – рече адвокат на оштетените накратко.