Закани со бомби речиси низ цело Скопје: Нема да застанеме додека не си замине СДСМ

Закани за бомби денеска се испратени на повеќе електронски адреси на медиумите и други институции, информира Журнал.

За разлика од другите дојави, на денешните закани пишуваше дека овие закани нема да престанат додека СДСМ не се повлече од власт, но СДСМ ова не го прави.

Закана за бомба е испратена на е-маил адресата на телевизијата Канал5 како и до Музеј на град Скопје, Природно-научен музеј, Археолошки музеј, Спомен-куќата на Мајка Тереза, QTQ, Источна порта, Бисер, Флатирон, Џевахир, Управниот суд, во Вила Водно во кабинетот на претседателот Пендаровски, во хотел Мериот, во хотел Александар Палас, во салата Борис Трајковски, во ФФМ и железничка станица.

Сите овие предмети биле проверени од екипи на МВР, но сите аларми биле лажни.