Извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, објави дека бил опериран по кинење на лигаментите на коленото за време на ММА тренинг.
Марк објави фотографија од болница на Инстаграм и објасни дека тренирал за ММА борба на која требало да учествува на почетокот на следната година, но сега „ќе ја одложи малку“.
– Сè уште со нетрпение чекам да го направам тоа откако ќе се опоравам. Ви благодариме на сите за љубовта и поддршката – изјави Марк.