Законот за судии и обвинители во Македонија предизвикува реакции

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека со предложените измени на законот за Академија за судии и обвинители и воведување можност за писмен тест, Владата има за цел да го пополни овој сектор со партиски кадри. Пратеникот Антонио Милошоски во комисијата за европски прашања каде законот доби зелено светло вели дека со злоупотребата на европското знаменце во предлогот се отстранува електронското тестирање и се заменува со можност за писмено тестирање. Ќе бидат тестирани околу 300 кандидати и од нив мора да се изберат 130.

Министерот за правда оценува дека опозицијата манипулира со овие обвинувања и вели дека немањето електронско тестирање е поради немањето софтвер.

И покрај приговорите на пратениците од македонската опозиција, законот ќе се гласа на пленарна седница.