Заложник ослободен од Хамас му кажал на Нетанјаху: „Хеликоптер пукаше кон нас“

– Поминаа два месеци од операцијата на Хамас наречена „Поплава Акса“, која започна на 7 октомври како одговор на кршењето на човековите права од страна на Израел. На тој датум започнаа интензивните воздушни и копнени напади на израелската војска врз Појасот Газа.

Во рамките на „хуманитарната пауза“ на 24 ноември пуштени се 81 израелски заробеник, и 240 Палестинци држени во израелските затвори се ослободени. Додека во разни медиуми објавени се изјавите на ослободените заложници од двете страни, на социјалните мрежи се појави ново тврдење, а тоа е дека еден од заложниците што ги држел Хамас рекол дека израелски хеликоптери отвориле оган врз нив додека биле во Газа.

Истражувањето покажа дека ова тврдење прво го објави американскиот информативен канал „Си-ен-ен“.

„Си-ен-ен“​​​​​​​ во текстот со наслов „Снимка која протече од жестокиот состанок го открива гневот на заложниците кон Нетанјаху“, сподели белешки од состанокот на Нетанјаху со Израелците ослободени од Хамас.

Тврдењето дека израелски хеликоптер отворил оган врз израелски цивили се наоѓа во четвртиот пасус од таа вест.

На снимката се слуша како жена без сопругот, која пуштена со децата вели:

„Таму имавме чувство дека никој ништо не прави за нас. Вистина е дека нашето скривалиште беше бомбардирано, моравме да се извлечеме и бевме ранети. Освен тоа, (на 7 октомври) врз нас беше пукано од хеликоптер на пат кон Газа.“

Утврдено е дека овие изјави се содржани во протечената аудиоснимка од состанокот меѓу израелскиот премиер Нетанјаху и заложниците што ги ослободи Хамас.

Во деталите од состанокот што ги пренесе „Ynet“, еден од познатите израелски новински портали, утврдено е дека заложниците и нивните роднини кои се сретнале со Нетанјаху реагирале на премиерот поради воздушните напади врз Газа.

Во деталите на веста, поранешниот заложник на Хамас вели:

„Секој ден во заробеништво беше исклучително тежок. Бевме во тунелите и се плашевме дека ќе нè убие Израел. Потоа би кажале дека нè убил Хамас. Затоа, силно апелираме размената на заробениците да започне што е можно побрзо, и сите да се вратат дома.“

Утврдено е дека еден од заложниците што ги ослободи Хамас му рекол на израелскиот премиер Нетанјаху:

„На 7 октомври хеликоптер отвори оган врз нас на патот кон Газа.“

Сето горенаведено укажува на тоа дека е точно тврдењето дека израелски хеликоптери отвориле оган врз израелските заложници на 7 октомври.