ЗАМИСЛЕТЕ ДА СЕ ЗБОГАТИТЕ ПРЕКУ НОЌ! Овој човек успеал да ја пронајде грешката во системот на еден банкомат и станал милионер – неверојатна приказна: “Ми даваше пари кои ги немав!“

Шанкер од Австралија успеал да пронајде грешка во системот на банкомат и за пет месеци подигнал 1,6 милиони долари кои ги немал на неговата сметка.

Замислете да се збогатите преку ноќ ? Па, тоа е во основа она што му успеало на 29-годишниот австралиски шанкер Ден Саундерс во 2011 година, пишува магазинот VICE

Ден Саундерс бил излезен и пиел со пријателите во неговиот роден град Вангарата, неколку стотина километри северно од Мелбурн, кога сосема случајно го „хакнал“ банкарскиот пропуст што го направил накратко многу богат.

Излегол од локалот за да подигне готовина од банкоматот и открил дека банкоматот му дозволува да подигне многу повеќе пари отколку што имал на неговата сметка. По неколку обиди, 29-годишникот сфатил дека нашол „дупка“ во системот и накратко се збогатил. Во „измама“ која траела пет месеци, Ден успеал да потроши околу 1,6 милиони долари од парите на банката. Тој организирал раскошни забави, изнајмувал приватни авиони и им пкаќал школарина на пријателите додека не бил фатен од полицијата и органите на прогонот.

Тој за магазинот VICE опишал како сфатил дека банкоматот му дава пари, но состојбата на сметката му останувала непроменета односно иста. 

Бев излезен ноќе, се обидов да префрлам пари од кредитна картичка на штедна картичка и да го проверам салдото на мојата сметка, но банкоматот постојано ми велеше: ‘Опцијата не е достапна во моментов’. Сè уште кликнав за да го направам трансферот и на банкоматот ми кажа – ‘трансакцијата е откажана’ и ми ја врати картичката. Мислев дека тоа е многу чудно, па решив да се обидам да извадам 200 долари од мојата штедна книшка само за да видам што ќе се случи. Банкоматот ми ги испушти парите, па се вратив во барот и продолжив да пијам. Откако излегов од барот, заминав до дома и поминав покрај истиот банкомат. Размислував колку е чудна целата работа, па ја ставив картата и почнав да си играм. Префрлив уште 200 долари и се искеширав. Потоа 500 долари, па 600 долари, само за да видам што ќе се случи“, раскажал тој.

Ден Саундерс кажал дека следното утро мислел дека сето тоа го сонувал, па се јавил во банката за да добие извештај за состојбата на неговата сметка. Тогаш сфатил дека има разлика помеѓу она што му го дал банкоматот и салдото во банката, што значело дека сè што подигнал од штедната сметка воопшто не било преземено или регистрирано. Тој сфатил дека со ноќен трансфер од неговата кредитна и штедна сметка во исто време кога банкоматот е офлајн (исклучен) помеѓу 01:00 и 03:00 часот по полноќ, може да добие пари што ги нема. 

Ова во суштина му овозможило да создаде „бесконечни пари“ со префрлање готовина помеѓу неговите две сметки. Трансакцијата немала да се регистрира во банка до следниот ден, но тој секогаш можел да повлече повеќе пари по полноќ. И така настанал виор кога Ден одлучил дека ќе ја користи оваа грешка, опишувајќи ја како „зависност“: „Се чувствував како пештерски човек кој открива оган“, изјавил тој за VICE.

Ден започнал да влече стотици долари за една ноќ. Дури и кога неговото „вистинско“ банкарско салдо паѓало сè подлабоко во црвено, тој продолжи едноставно да си „печати“ бесплатна готовина.  Тој потрошил вкупно околу 1,6 милиони долари користејќи го неговиот систем за измама. Но, на крајот го фатило вината за она што го правел, па бил совладан од вознемиреност и грижа за она што го направил. 

Ден потоа му се доверил на својот терапевт кој му рекол да се предава. Често сонувал дека ќе биде фатен кажал дека имал кошмари. Три години по измамата, Дан бил уапсен и обвинет за 111 точки за измама и кражба. Во мај 2016 година, Ден го напуштил затворот откако поминал една година зад решетки – и се вратил на работа во бар за 12,50 долари на час.