Западен Балкан не е повеќе тема, потрошено е многу време за него – став на Филип Рикер

Америка на прво место е слоганот на новизбраниот американски претседател Донал Трамп, пред кого се многу други светски предизвици. Западниот Балкан не во фокусот, изјави пораншниот дипломат Филип Рикер, добро познат на македонската јавност, во интервју за српски „Радар“.

Филип Рикер е поранешниот заменик-помошник државен секретар на САД, а претходно работеше и во Амбасадата на САД во Скопје. Сега е во приватен бизис. На прашањето за местото на Западен Балкан во новата амдминистрација на Трамп, но и релациите со ЕУ, Рикер вели дека евроинтеграциите ги тера луѓето да се чувствуваат дека се дел од нешто поголемо, да размислуваат за граници кои обединуваат наместо делат и тоа мора да биде во фокусот.

-За жал, не видовме никаков напредок во овој поглед, но како што слушнавме овде на безбедносната конференција во Белград, европската интеграција е повторно актуелна бидејќи постои интерес кај самата ЕУ за процесот на проширување. Ова секако ќе помогне да се исполни историскиот идеал на целиот Балкан, кој секако е дел од Европа, станувајќи составен дел од Европската Унија, вели Рикер во интервјуто.

Што се однесува до САД, Западен Балкан не е тема на внимание.

-Не забележав дека за време на претседателската кампања во САД во целата таа политичка дискусија се споменуваше Србија, Косово или целиот регион. Можно е да има луѓе кои се фокусирани на тие прашања, но навистина мислам дека тоа не е актуелно прашање за Америка , и тешко ми е да замислам дека тоа би можело да стане нагласен приоритет, и покрај сите турбулентни настани во светот. Потрошивме многу време фокусирајќи се на Балканот, особено во 1990-тите и раните 2000-ти, кога работев во регионот. Сега, има и други предизвици. И како што истакна новоизбраниот претседател Трамп: Америка на прво место. Што е во интерес на Америка, како некоја акција ќе и помогне на Америка, нашата економија и нашите интереси. Ова е нешто на што можеме да работиме заедно низ целиот регион, а таквата акција може да ги вклучи и САД, смета Филип Рикер.

Тој додава дека САД сака регионот да функционира добро, но треба да се размисли што ги чека новоизбраниот претседател Трамп, неговата администрација и неговиот кабинет откако ќе ги преземат своите позиции.

„Пред нив се многу големи предизвици на кои треба да се фокусираме“, вели Рикер.