– Палестинско момче вчера им подлегна на раните здобиени во текот на судирите со израелската војска во окупираниот Западен брег, соопшти палестинското Министерство за здравје.
Шеснаесетгодишен Палестинец е застрелан во грб на влезот во бегалскиот камп Ал-Аруб, северно од градот Хеброн.
Локални извори за Анадолу изјавија дека судирите избувнале на влезот на кампот, по што израелските војници употребиле солзавец, гумени и вистински куршуми.
Ранетото момче е префрлен во болницата Ал Јамамах, во Витлеем (Бејтулахим), каде лекарите констатирале смрт.
Судирите обично избувнуваат меѓу Палестинците и израелските војници стационирани на влезот во кампот Аруб, северно од Хеброн.