“ЗАПАД ОБЕЗБЕДИ ДОВОЛНО ЗА ДА НЕМА РУСКА ПОБЕДА, НО И ДА НЕМА РУСКИ ПОРАЗ!“ – Ситуацијата во Украина е (без)надежна, дали постои план Б !?

Минатиот ноември, највисокиот американски генерал, Марк Мили, претседател на Здружениот Генералштаб, го налути официјален Киев, како и некои јастреби во администрацијата на претседателот Џо Бајден, споредувајќи го конфликтот што беснее во Украина со Првата светска војна.

Накратко, Марк Мили изјави:

Имате војна која не може да се победи

Подоцна, говорејќи во Економскиот клуб во Њујорк, тој додаде:

Кога има можност да се преговара, кога може да се постигне мир, искористете ја. Искористете го моментот“.

Следната недела тој го повтори својот предлог дека е дојдено време за преговори. Тоа беше време на успешна контраофанзива на Украина околу Харков на североисток и Херсон на југ, што, според Марк Мили, значеше дека Киев во тоа време имал добра преговарачка позиција.

слика
Марк Мили

Победата во Првата светска војна на крајот беше постигната со помош на западните сојузници, но по страшна човечка цена. Пред сè да се смири на Западниот фронт, се проценува дека вкупните жртви надминале 37 милиони луѓе, вклучувајќи војници и цивили, што ја прави Првата светска војна еден од најсмртоносните конфликти во историјата на човештвото. Речиси ниту едно европско домаќинство не останало недопрено.

Сега ноември е веднаш зад аголот, а во Украина наскоро ќе пристигнат есенски дождови, кои ќе ги отежнат воените маневри, пишува угледниот весник Politico. Доколку Украина дотогаш не обезбеди пробив на својот јужен фронт и не ги пробие сите три слоја на руската линија оформена од генералот Сергеј Суровикин, а за три месеци жестоки борби не успеаа во тоа, предлозите за преговори меѓу двете завојувани страни ќе бидат се повеќе зборувани од страна на Запад.

Да не заборавиме, следната година е изборна, и тоа не само во Европа, туку и во САД

Засега сите погледи се вперени во Запорожје, каде што конечно е пробиена првата линија на руската одбрана кај селото РаботинеЗапад се надева дека Украина може да ги пробие главните утврдувања, бидејќи некои веруваат дека Русија ќе има проблем да ги распореди потребните резерви за да обезбеди задржување на линијата, иако досега релативно брзо ги прераспореди силите.

Само времето ќе покаже дали може да се постигне целосен пробив. Само тогаш Украина може да оди напред за да се приближи до целта за прекин на т.н. копнен мост што го поврзува анектираниот Крим со јужните украински територии окупирани од Русија. Сепак, фактот дека украинските сили успеаја повторно да заземат само 108 квадратни километри окупирана територија откако започнаа контраофанзива на почетокот на јуни, укажува на претпазливост. Освен тоа, Пентагон веќе беше песимист за изгледите за контраофанзива уште пред да започне.

Украинските власти се вознемирени од овој песимизам и се желни да го сменат наративот дека контраофанзивата веројатно нема да го постигне посакуваниот исход. 

Украинските сили одат напред. И покрај се и што и да каже некој, ние напредуваме и тоа е најважно. Ние сме на потег“, изјави во саботата претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Но, тоа се јавни изјави. Кога ќе се изгаснат камерите во Киев, се повеќе се зборува за долга војна.

слика
Володимир Зеленски

Ако Украина не постигне многу поголем напредок на теренот до ноември, зборовите на Марк Мили ќе добиваат на тежина и сè повеќе ќе почне да се поставува непријатното прашање дали оваа војна воопшто може да се добие.

Овде доаѓаме до проблемот што ги мачеше западните сојузници од самиот почеток, бидејќи тие никогаш не ги идентификуваа јасните украински воени цели. Делумно затоа што обидот да се направи тоа веројатно би го загрозил сојузничкото единство, па затоа поразот во војната никогаш не се ни размислувал.

Наместо тоа, добиваме реторика за демократијата која е загрозена и потребата да се бранат правата на суверенитет и независност или ќе видиме колапс на веќе разнишаниот светски поредок во корист на автократите. Затоа што, знаете, Украина денес, Тајван и Балтикот утре, пишува Politico.

Но, ако е навистина така, тогаш зошто западните сојузници не ги поткрепуваа своите зборови со дела, користејќи ја својата економска моќ до крај, ставајќи ги своите фабрики во воено производство како што правеа за време на т.н. Големата војна ? Тогаш зошто ја одложуваат испораката на оружје и муниција, а сето тоа на голема фрустрација на Украинците, прашува весникот Politico.

Една причина би можела да биде да се обезбеди едногласен договор меѓу сојузниците, додека друга би бил стравот, колку и да е далечен, од нуклеарна ескалација и истовремената проценка дека е потребна внимателна калибрација за да се минимизира тој ризик.

САД обезбедија доволно за да спречат руска победа, но не доволно за да дозволат руски пораз“, забележа Џејмс Никси од Chatham House.

Но, сојузниците на Украина во длабочините на нивните срца никогаш навистина не почувствуваа дека нивната сопствена демократска судбина е, всушност, загрозена.

И како што војната напредуваше, чувството на опасност, ако ништо друго, се намалуваше. На крајот на краиштата, ако „големата руска мечка“ не може да го покори својот помал сосед, како ќе ги прегази земјите од НАТО, а камоли да им се заканува на САД ?

За Украинците, се разбира, тоа е поинаку. И не е чудно што Киев беше кристално јасен за своите воени цели: обновување на целата суверена територија, вклучително и анектираниот Крим, руски воени репарации и цврсти западни безбедносни гаранции, односно членство во НАТО.

И колку и да звучи чудно, нивните најголеми сојузници се руските дисиденти, иако Киев главно ги презира. Имено, либералната опозиција на Владимир Путин има директен интерес во оваа војна, имајќи предвид дека не постои друг реален механизам за соборување на рускиот лидер и соборување на режимот на чело со него.

слика
Владимир Путин

Но, настрана руските дисиденти, повиците за преговори ќе се зголемат само доколку оваа контраофанзива не доведе до воен пробив од големо значење.

Сепак, без оглед на конфликтот, Русија и Украина имаат една заедничка работа. Имено, нивните сојузници не веруваат дека која било страна може да обезбеди целосна победа.

За Кина, тоа само по себе може да биде пожелно. Расеаниот Запад е корисен за Кина, а ослабената Русија ќе го знае своето место како помал партнер во нивните билатерални односи. Меѓутоа, за други, вклучително и Украина разурната од војна, долготрајната војна не е пожелна и како што часовникот отчукува, веројатно ќе видиме повеќе предлози за преговори.

Сепак, има три големи проблеми со овој план Б, пишува Politico.

Џејмс Никси истакна еден, истакнувајќи дека намалувањето на сегашната поддршка само ќе ја направи Украина поранлива со последици за пошироката европска и глобална безбедност и ќе ги загрози придобивките од минатото и ќе му даде на Владимир Путин влијание што моментално не го поседува, особено со оглед на ситуацијата во земјата во последните недели.

Втората е дека дури и Володимир Зеленски да се согласи на преговори, а нема знаци дека е расположен за тоа, обичните Украинци немаат абер за разговори со Русија.

За рускиот лидер преговорите се само уште едно воено оружје, кое се користи за одвлекување, одложување и давање време за маневрирање на воените и дипломатските цели. Нешто слично се случи меѓу 2014 и 2017 година, кога Сергеј Лавров и тогашниот американски државен секретар Џон Кери  преговараа за Сирија. Разговорите и помогнаа на Москва да го спаси Башар ал Асад од пораз и го убедија тогашниот американски претседател Барак Обама да ја игнорира сопствената црвена линија за употребата на хемиско оружје од страна на Дамаск.

Замрзнатите конфликти и онака се форте на Владимир Путин. Тие му овозможуваат да ја претвори меѓународната слабост во сила и да ја одржи моќта дома со охрабрување на параноичен патриотизам, убедувајќи ги Русите дека странските непријатели се подготвени да ја уништат светата мајка Русија.

Дали некој има план Б ?, прашува Politico на крајот од својата голема анализа.