Запалени две џамии – Полицијата во САД го уапси осомничениот

Полицијата во американскиот град Минеаполис уапси маж осомничен за подметнување два пожари кои ги оштетија градските џамии минатата недела, изјави началникот на полицијата Брајан О’Хара.

О’Хара рече дека Џеки Рам (36) е уапсена денеска, но не соопшти повеќе детали за апсењето.

„Местата за молитва треба да бидат безбедни. Палењето свет објект, кадешто се собираат семејства и деца, е нехумано. Овој вид бесрамна омраза нема да се толерира во нашиот голем град“, рече О’Хара.

Водачите на Советот за американско-исламски односи во Минеаполис го поздравија апсењето.

„Апсењето носи одредено олеснување за нашата заедница, која беше многу напната изминатава недела“, рече извршниот директор на Советот Џаилани Хусеин.

Запалените џамии се оддалечени околу еден километар, а О’Хара претходно изјави дека полицијата се сомнева дека истото лице ги запалило двата верски објекти.