Запален автомобилот на Артан Груби

Околу 3 часот утринава непознати лица го запалиле автомобилот на првиот вицепремиер Артан Груби.

Инцидентот се случил на улицата „Струмица“, во скопската населба Чаир.

Полицијата во придружба на обвинителот  излегла на местото на настанот рано изутрината и го истражува случајот.