Започна! Американскиот ATACMS за првпат нападна територија на Русија?! Медиумите тврдат дека Украина со балистички ракети погодила складиште за оружје (ВИДЕО)

Украинската армија денеска соопшти дека погодила големо руско складиште за оружје во областа Брјанск, лоцирано на повеќе од 110 километри од границата со Украина.

Ројтерс пренесува дека Генералштабот на украинската армија соопштил дека по нападот следеле 12 секундарни експлозии и детонации во областа.

– Ќе продолжи уништувањето на складишта за муниција на армијата на руските окупатори за да се запре вооружената агресија на Руската Федерација против Украина – се наведува во соопштението на Генералштабот во Киев на Телеграма.

Рускиот независен медиум Медуза го пренесува сајтот РБЦ Украина, кој, повикувајќи се на извори од украинските вооружени сили, објави дека ова е прв напад на руска територија извршен со американски балистички ракети АТАСМЅ.

Според овој извор, нападнат е воен објект во близина на рускиот град Карачев во областа Брјанск.

– Беше успешен обид – рекол изворот на украинските медиуми.

Се наведува дека Карачев се наоѓа на 130 километри од украинската граница.