Започна протестот на опозицијата во Белград

Прозападниот протест на опозицијата наречен „Србија против насилството“ започна денеска во Белград.

Во 19 часот пред Народното собрание започна протестот на прозападната опозиција.

Прошетката започна, овој пат до Правниот факултет, преку Славија до Министерството за образование, па по улицата Кнежа Милоша до Претседателството на Србија.

Блокирана е улицата пред Народното собрание.

Многумина и на овој протест пиеја алкохол.

На протестот на опозицијата пристигнаа Добрица Веселиновиќ од Не давимо Белград, како и Борко Стефановиќ од ССП и Мирослав Алексиќ.