ЗАПОЧНА РАСПИТОТ НА КОСТА К. – Момчето-убиец сведочи во постапка против сопствениот татко !?

Како што неофицијално дознава српскиот весник Blic.rs, почна распитот на Коста К. како сведок во постапката против неговиот татко Владимир Кецмановиќ, кој се товари за тешко дело против општата безбедност.

Момчето-убиец е на распит во просториите на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и малолетници каде е сместен во Белград.

Да потсетиме, неговиот татко е осомничен дека неправилно го чувал оружјето со кое Коста К. на 3. мај уби девет свои врсници и еден училишен чувар.

Исто така, постои сомневање дека тој го научил својот син како да ракува со оружје и дека го однел повеќе пати на стрелиште.

Момчето во моментот на делото имало 13 години и не е предмет на кривична одговорност.

На 3. мај, Коста К. влезе во основното училиште „Владислав Рибникар“, а потоа со пиштолот на татко му го убил училишниот чувар Драган Влаховиќ, седум девојчиња и едно момче, а едно девојче на 15. мај им подлегнало на повредите во болница и почина.