Започна!? Русите тврдат: Украина изврши разорен напад со касетни бомби! (видео)

Потполковникот во пензија на Народната милиција на ЛНР, Андриј Марочко, објави дека вооружените сили на Украина го гаѓале Луганск со касетна муниција со долг дострел.

На периферијата на Луганск рано утринава одекнаа силни експлозии. Црн чад извираше од местото на експлозијата.

Според пишувањата на руските медиуми, цел на нападот била рудник во Луганск.

– Жителите на Луганск ја слушнаа работата на противвоздушната одбрана, потоа се слушнаа силни експлозии, многу слични на експлозиите на касетна муниција – изјави Марочко за ТАСС и додаде дека сè уште не се познати деталите за конкретните проектили што ги користи украинската армија.

Да потсетиме дека рускиот претседател Владимир Путин денеска откри како Русија планира да одговори на можната употреба на касетни бомби против нејзините сили во Украина.