Започна со Југославија – Украина ќе се подели на два дела! Еве што рече Мирослав Лазански: „Тоа е нож под стомакот на Русија“

Новинарот, воено политички аналитичар и дипломат Мирослав Лазански во 2014 година напиша текст кој денес звучи речиси пророчки со оглед на развојот на ситуацијата во Украина.

Лазански тогаш најави дека во случај на војна во Украина, земјата ќе се подели на два дела, а како можна линија на поделба ја спомена реката Днепар.

– Можеме ли да претпоставиме, сега можеби звучи фантастично, дека во некое идно време некои настани во Русија и некои настани во Украина ќе доведат до тоа овие две земји повторно да сакаат да се обединат? Или обратно, зошто она што започна со Југославија во 1991 година, а веднаш потоа со Советскиот Сојуз и Чехословачка, не може да продолжи? Од каде вербата дека Европа ќе биде вечно стабилна – праша тој.

Потоа го праша следново – зошто и Украина да не може да се распадне!?

– Вистината е дека таа веќе го изгуби Крим, бидејќи од 1991 година таму имаше незадоволна политичка групација која се стремеше кон обединување со Русија, а сега дојде до тоа. Во источна Украина, заедно со Русите, повеќето Украинци исто така зборуваат руски, но тоа е повеќе како Ирци кои зборуваат англиски, но се сметаат себеси за Ирци, или како во Белгија каде половина од населението зборува француски и се смета себеси за Белгијци – тврди тој.

Лазански потоа посочи дека cè е можно доколку НАТО влезе во Украина и се обиде да се доближи до нејзините источни граници.

– Тоа е нож под стомакот на Русија. Москва веднаш би интервенирала воено и би ја однела областа до реката Днепар, која би ја поделила Украина. И поради тоа нема да има војна меѓу НАТО и Русија, бидејќи Русија е воено супериорна во тој дел од Европа, а проширувањето на НАТО на исток ќе се покаже како голема грешка на Вашингтон – напиша Лазански тоа време.