Започна тет-а-тет средбата помеѓу Димитар Ковачевски и Христијан Мицковски – премиерот за лидерот на опозицијата има три конкретни предлози
Премиерот Димитар Ковачевски на лидерската средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доаѓа со план и три конкретни предлози, брифираат владини извори за МИА.
На средбата во Клубот на пратеници предвидено е тема на разговор на средбата да бидат одлуките што треба да се донесат во Собранието со цел продолжување на европската интеграција на државата, како и за пристапот на институциите и сите политички чинители во насока на градење и одржување на добрососедски односи.
По завршувањето на средбата планирани се изјави на кои ќе бидат соопштени детали околу разговорот помеѓу двајцата лидери.
![Христијан Мицкоски лидерска средба](https://mia.mk/articles/images/%D0%B7%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B4%D0%B5%D1%80%D1%81%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0%D1%81%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%B1%D0%B0%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D1%93%D1%83%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D1%87%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8%D0%B8%D0%BC%D0%B8%D1%86%D0%BA%D0%BE%D1%81%D0%BA%D0%B8H2OtO/IRiUKCjDI/medium.webp?use_watermark=1)
Пред лидерската средба се одржа состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, по кој партискиот потпретседател Тимчо Муцунски изјави дека став на партијата е оти уставни измени под диктат не смее да има.
Тој додаде и дека една од темите за коишто ќе се дискутираат двајцата лидери ќе биде и прашањето за предвремени парламентарни избори.