Започнува изградбата на ветерниот парк во Штип, инвестиција од 500 милиони долари во источниот регион
Денес започна изградбата на ветерниот парк помеѓу Штип , Карбинци и Радовиш , на површина од околу 326 хектари, каде што компанијата „ Алканзар енерџи партнерс“ со инвестиција од 500 милиони долари ќе изгради 55 ветерни турбини кои ќе произведуваат електрична енергија за 100 илјади семејства. Новата ветерна фарма, најавена како најголема во Западен Балкан, е важен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија во земјата. Директорот на компанијата и инвеститор, Даниел Калдерон, најави намалување на цената на електричната енергија со овој проект .
„Ги поставуваме темелите за овој важен проект од над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе генерира чиста енергија и ќе ги намали емисиите на јаглерод диоксид “ , рече Даниел Калдерон .
Инвестицијата беше објавена вториот ден по изборот на Владата, а премиерот Христијан Мицкоски ја нарече „двигател и модел за тоа како треба да се движиме напред“ во секторот за обновлива енергија .
„Не можете да имате силна економија без да ја вратите довербата на инвеститорите. А довербата се враќа преку дисциплина и борба против криминалот и корупцијата“, рече Мицкоски .
На настанот се обрати и вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски , кој ја истакна големата важност на проектот, како за државата и граѓаните, така и за развојот на економијата и создавањето можности за конкурентност на македонскиот пазар.