ЗАРАБОТИ 300.000 ЕВРА ВО АМЕРИКА И ГИ ОТКАЖА СИТЕ НАСТАПИ, Дара Бубамара излезе со соопштение за јавноста
Пејачката Дара Бубамара откри дека нема да настапува во текот на јануари и февруари, бидејќи решила да оди на одмор.
– Драги мои, сакам да ве информирам дека ќе направам концертна пауза во текот на јануари и февруари. Во моментов сум посветена на завршување на нови песни и нови проекти, а после тоа одам на заслужен одмор – напиша Дара и објави на Инстаграм.
Како што наведе таа, концертите ќе бидат поместени за март и април:
– Поради оваа причина, сите закажани претстави во јануари и февруари се преместени за март и април . Ви благодариме за разбирањето.
Инаку, во јавноста се шпекулираше дека Дара за Нова година во Америка зела над 300.000 евра. Имаше неколку настапи, а заработи и добра пара.