ЗАРАБОТУВАЛ 250.000 ЕВРА НА ДЕН !? Нови шокантни детали за човекот кој го изврши масакрот на Јеховините сведоци во Германија
Седум мртви, трудница застрелана во стомакот и уште четири лица во животна опасност, ова е билансот од нападот што го изврши Филип Ф. во Хамбург, Германија.
За само неколку минути испразнил девет чаури од полуавтоматски пиштол, а потоа пристигнала полиција но тој се самоубил, пишува DW.
Со себе имал уште 22 чаури, а подоцна во неговата куќа била пронајдена уште муниција.
Британскиот весник The Telegraph пишува дека убиецот работел како хонорарен консултант, а бизнис веб-страницата го опишува како експерт во финансискиот и енергетскиот сектор.
На веб-страницата тој понуди консултации по превисока цена за дневен надомест од 250.000 евра, наведувајќи дека – „во хонорарот е вклучен и фактот дека мојата работа треба да создаде предност или додадена вредност за вас од најмалку 2,5 милиони евра“.
Според негово признание, тој пораснал во строго религиозно домаќинство на Алпите пред да студира бизнис во Минхен.
Филип Ф. (35 г.), поранешен член на заедницата на Јеховините сведоци, со кој се раздели по расправија, од декември имал дозвола за оружје бидејќи бил спортски стрелец. Во јануари, канцеларијата за лиценцирање во Хамбург доби анонимно писмо во кое некој тврди дека е ментално болен и дека оружјето треба да му биде одземено.
Службениците ненајавено го посетиле и констатирале дека се однесува нормално. Тоа беше крајот на проверките – надлежните служби немаат правна основа за повеќе од тоа.
Сега германската министерка за внатрешни работи Ненси Фризер ја објави промената. Таа соопшти дека поради претходни слични напади се подготвува закон со кој ќе се заостри процедурата за издавање дозвола за поседување оружје. Полуавтоматските долги оружја ќе бидат целосно забранети, а кандидатите ќе треба да достават докторска потврда за да се утврди дека немаат ментални потешкотии.