Засилен ветер, грмежи, дожд – се очекува попладне во Македонија

Центарот за управување со кризи објави вонредна информација од Управата за хидрометеоролошки работи.

„Поради акумулација на висока енергија во атмосферата и малку зголемена влажност над нашето подрачје, попладнево во северните делови ќе има услови за локално невреме со обилни врнежи од дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/ч) и град“, велат од ЦУК.

А во некои делови од Скопје ќе има услови за невреме со засилен ветер, дожд, електрични празнења и град.