Застана рингишпилот во познатиот Пратер, оставајќи луѓе да висат: Снимки го преплавија интернетот, но не е се како што изгледа
Жителите на Виена , кои во понеделникот поминаа покрај познатиот забавен парк Пратер, беа шокирани од сцената на запрена рингишпил и луѓе заробени на голема височина.
Огромната атракција, позната како кулата Пратер, наеднаш престанала, а на лице место пристигнале службите за итна помош за да ги спуштат „заробените“ посетители.
Ги извадиле телефоните и снимале.
Зачудените минувачи ги извадиле телефоните и го снимиле моментот кога пожарникарите еден по еден ги спуштаат луѓето од рингишпилот, пренесува Кронен Цајтунг.
Она што не го знаеја е дека се работи за однапред подготвена и спроведена вежба!
Импресивна прецизност
Официјалните лица објаснија дека целта била да се обучат службите за итни случаи и да се тестира координирана соработка во екстремни ситуации.
Пожарникарите ја завршија вежбата со импресивна прецизност и се погрижија сите луѓе на рингишпилот безбедно и без инциденти да стигнат на земјата.