ЗАСТРАШУВАЧКИ БРОЈКИ ОД БАХМУТ – Западните официјални лица тврдат: “Еве колку Руси загинаа во опсадата на градот…“
Помеѓу 20.000 и 30.000 руски војници се убиени или повредени во битката за градот Бахмут од минатото лето досега, соопштија западните власти, а веста ја објави BBC.
Големи загуби претрпе и украинската армија, но западните власти не ги потврдија податоците што во вторникот ги презентираше министерот за одбрана на Русија.
Сергеј Шојгу на социјалната мрежа Телеграм објави дека само во февруари Украина загубила 11.000 војници во таа битка.
Западните власти веруваат дека руската платеничка група Вагнер е без борци и опрема. Нивниот лидер Евгениј Пригожин кажа дека тоа е резултат на „бирократија или предавство“.
Западните власти исто така истакнуваат дека во моментов нема индиции за голема руска инвазија во тој дел од Украина.
Русија направи многу скромен напредок во текот на зимата.
По шестмесечни борби, градот се уште не паднал во руски раце.