ЗАСТРАШУВАЧКИ БРОЈКИ – Од ноември до март во иранските училишта отруени се повеќе од 5.000 ученици

Членот на Истражната комисија на иранскиот парламент за случаи со труење, Мохамад Хасан Асфери, изјави дека од 30. ноември 2022 година до 6. март 2023 година во 230 училишта во 25 провинции биле отруени повеќе од 5.000 ученици, главно девојчиња, објавуваат странските медиуми.

Десетици студенти се хоспитализирани во некои градови на иранските провинции Гулистан и Кохгиље-Буер Ахмед поради сомневање дека се отруени.

Иранската медиумска агенција ИСНА наведува дека повеќе од три месеци се евидентирани масовни случаи на труење, главно во интернати за девојчиња.

Махмуд Сехамет, заменик-ректор на Универзитетот за медицински науки „Кохгиље-Буер Ахмед“, изјави дека 43 ученици од три училишта се хоспитализирани со симптоми на труење.

Тој изјави дека во последните три дена 280 ученици се хоспитализирани со симптоми на труење, а седум ученици се уште се на лекување.