ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОДАТОЦИ – Еве колку деца го загубија животот досега во руската инвазија на Украина

Најмалку 500 деца загинаа, а повеќе од илјада се повредени од почетокот на војната во Украина, соопшти денеска Канцеларијата на главниот обвинител на Украина.

Бројките се нецелосни поради тешкотиите при собирањето податоци во областите окупирани од руските сили, јави Радио Слободна Европа.

Обединетите нации (ОН) претходно објавија дека најмалку 9.396 цивили загинале, додека 16.646 се ранети.

Смртни случаи и повреди се регистрирани во повеќе од 1.500 населени места во Украина од почетокот на инвазијата во февруари 2022 година.