ВИДЕО | НА ОВОЈ ХРВАТСКИ НОВИНАР МУ СЕ СМЕЕ ЦЕЛИОТ БАЛКАН – За време на репортажа во живо од Израел тврди дека ракети на Хамас прелетале над него, додека камерата открива сосема друго – погледнете

Хрватскиот новинар Петар Влахов, кој известува за Хрватската национална телевизија од Израел, стана предмет на шеги на социјалните мрежи во Хрватска, но и регионот, поради начинот на кој известува од терен.

Петар Влахов известуваше од Тел Авив за дневникот на HRT, а поради начинот на кој тоа го правеше, односно поради позата стана предмет на шега на социјалната мрежа Х (Твитер).

Имено, тој легнал на земја во поза на некој кој навистина го бомбардираат, додека две жени зад него сосема опуштено стоеле покрај еден автомобил и пишувале на телефон, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.

Петар Влахов носел откопчана зелена кацига на главата и не носел панцир, додека сите други репортери во Израел носат син панцир со натпис „PRESS“ и сина кацига, бидејќи во сите воени зони новинарите мора да имаат значка.

Како што пишуваат хрватските медиуми, не се знае од каде му е зелената кацига на Петар Влахов, а може да се претпостави дека ја позајмил од војник.

Новинарот вели дека штотуку бил сведок на ракетен напад на Хамас, а тој и сите други виделе неколку ракети. Тој додаде дека сите морале да излезат од автомобилот и да се сокријат, додека позадината открива сосема опуштена ситуација во неговата околина.