„Изненаден сум што мајката е обвинета!” Тома Фила: Специфично е дека ѝ го спречуваат контактот со синот, а причината најверојатно е оваа постапка

Обвинението на Вишото јавно обвинителство во Белград, поднесено против родителите на тринаесетгодишното момче кое изврши кривично дело во ОУ „Владислав Рибникар“, во голема мера се заснова на сведочењето на синот.

Имено, момчето-убиец практично ги потврди сомнежите дека татко му „му го ставил оружјето во раце“, го однел на стрелиштето и на фармата за да научи да пука во силуети на луѓе и концентрични кругови.

Дали неговото сведочење, покрај другите докази, ќе биде пресудно за одредување на затворската казна за таткото на момчето – вака свој исказ даде познатиот адвокат Тома Фила.

– Она што ме изненади е тоа што беше обвинета и мајката и тоа на директен начин. Обвинителството имаше доволно време да ја истражи мајката. Специфично е тоа што и’ е забрането да контактира со синот, бидејќи тој е пресуден сведок – рече Фила и додаде:

– Веројатно причината е што пропадна обидот да се утврди дека го малтретирала детето. Не знаеме дали ќе сведочи, можно е и да одбие да зборува. Она што е најважно денеска е судот да не подлегне на таблоидите и разните стории. Судот мора да суди врз основа на докази без никакви емоции.