Светот на тенисот вакво нешто чека 32 години! Новак постави уште еден рекорд! Го собори Фриц и испиша историја!

Новак Ѓоковиќ го совлада Тејлор Фриц со резултат 3:1, се пласираше во полуфиналето на Австралија опен и го израмни 32-годишниот рекорд на Моника Селеш!

Ѓоковиќ стигна до својата 33-та последователна победа на Австралија опен и со тоа го повтори подвигот што Моника Селеш го постигна на Ролан Гарос во периодот од 1990 до 1992 година. Имено, ова е најдолгата серија на победи во натпреварување во светот на тенисот, а Ѓоковиќ веќе ќе има можност да биде сам на врвот на оваа листа во полуфиналето на првиот Грен слем сезонава.

Во полуфиналето на Австралија опен, Новак Ѓоковиќ ќе игра против подобриот од дуелот Јаник Синер – Андреј Рубљов.