ЗАСТРАШУВАЧКИ ПОДАТОЦИ – Повеќе од милион жени и млади девојки исчезнати во Индија за само три години, а главната причина е многу ‘бизарна’

Националното биро за евиденција на криминал на Индија (NCRB) собра податоци кои покажуваат дека повеќе од милион возрасни жени и повеќе од 250.000 девојчиња помлади од 18 години исчезнале во период од три години од оваа земја.

Повеќе од 1,3 милиони жени во Индија исчезнале меѓу 2019 и 2021 година, според новообјавените податоци од Министерството за внатрешни работи на Индија.

Најголем број на исчезнувања има во државата Мадја Прадеш, каде што речиси 198.000 жени и девојчиња се пријавени за исчезнати за три години, по што следи Западен Бенгал со речиси 193.000 случаи, покажуваат податоците на NCRB.

Исчезнатите жени е национален проблем во Индија, со повеќе од 60.000 жени и 20.000 млади девојки исчезнати дури и во главниот град, Њу Делхи, во истиот временски период. Само во 2021 година, речиси половина милион од нив исчезнаа.

Причините наведени за големиот број исчезнати жени беа трговијата со луѓе за принуден брак, домашна работа, сексуална експлоатација и детски труд. NCRB, исто така, ги наведе менталните болести, погрешната комуникација, несреќите, семејното насилство и жртвите на криминал како најистакнатите причини за исчезнувањето на жените во најголемата земја во светот.

Некои млади бегаат од дома поради неподносливи услови на злоупотреба и малтретирање“, нагласува NCRB во својот извештај.

Индиската Влада воведе мерки за борба против неконтролираното злосторство врз жените, како што е воведувањето телефонска линија за жените жртви на такви злосторства во 2012 година и лансирањето на национална база на податоци за сексуални престапници во 2018 година.

Активистите за правата на жените во Индија, пак, тврдат дека постоечките мерки не се доволни.

Владините мерки не се справуваат со големата мрежа за трговија со луѓе. Овие идеи можат да им служат само на поединци кои се во позиција да се жалат. Тоа е хроничен проблем. Никогаш немало политика за исчезнувања“, изјави за The National активистката за правата на жените Кавита Кришнан.