Застрашувачки снимки од гранатирањето на Белгород: Пожар избувна на сите страни, луѓето трчаат во паника (ВИДЕО)

Украинските војници денеска го нападнаа центарот на Белгород при што загинаа две деца, изјави шефот на регионот Вјачеслав Гладков.

Светските медиуми објавија видео од застрашувачкиот момент кога Украина го гранатираше градот Белгород со најжестокиот напад досега.

Русија ја обвини Украина дека убила најмалку 14 лица, меѓу кои две деца, и ранила уште десетици во нападот, а Москва предупреди дека тоа „нема да остане неказнето“.

Кремљ вечерва ја обвини Велика Британија за нападот на Белгород, но не даде никаков доказ за тврдењето, но Киев инсистира дека бројот на жртвите во нападите се должи на непрофесионалната употреба на воздушната одбрана од страна на Русите.