Затварање на ФБИ, отпуштање на вработените! Протече неверојатен план: Што сака да направи Илон Маск? Прагматичните потези на супергенијот го запрепастија светот (фото)

Вивек Рамасвами, кој беше назначен од Доналд Трамп да го води новиот Оддел за владина ефикасност заедно со Илон Маск, смета дека ФБИ треба да се затвори, а 1,5 милиони државни службеници треба да бидат отпуштени.

Тој, исто така, за време на кампањата најави дека сака „крстоносна војна“ против големата влада во Министерството за образование, даночната управа, како и странска помош за Украина, Израел и Тајван.

Затворањето на државната агенција ќе биде предмет на одобрување од Конгресот, но Рамасвами е решен да ја намали бирократијата за само две години, пишува Јутарњи.

Неговиот оддел ќе даде препораки до Белата куќа за тоа како да ги намали големите делови од федералниот буџет од речиси 7 трилиони долари. Тоа е замисла на милијардерот Илон Маск.

Трамп им даде рок на двајцата до 4 јули 2026 година да поднесат извештај и најави дека ќе иницира „драстични промени“ и ќе предложи големи структурни реформи, пренесува српскиот портал Телеграф.

jk01 AP Алекс Брендон.jpg

Нивните препораки ќе ја поттикнат Владата да усвои попретприемачки став, како и да ги намали трошењата и бирократијата. Трамп веќе кажа дека ќе го укине Министерството за образование и ќе го остави образованието на сојузните држави, а ќе ја елиминира и „длабоката држава“, кариерни федерални вработени за кои вели дека само ги следат своите цели.

Според сегашниот буџет, најмногу трошат здравствените и социјалните услуги. Во текот на минатата година, социјалното осигурување изнесува 1,46 милијарди долари, здравствената заштита 912 милијарди долари, а медицинската заштита 874 милијарди долари државна потрошувачка.

Досега, околу 150 деловни лидери ги разгледале владините трошоци и дале 2.500 препораки, но повеќето од нив бараат одобрение од Конгресот и никогаш не биле прифатени.

Многумина веќе ја истакнуваат иронијата во фактот што Одделот за ефикасност на државните трошоци е екипиран од богати луѓе како Маск и Рамасвами.

Рамасвами е милијардер, фармацевтски претприемач и поранешен републикански претседателски кандидат. Во случајот со ФБИ, тој би сакал да прераспредели дел од буџетот од 11,4 милијарди долари на Тајната служба и на Одбранбената разузнавачка агенција.

Слоганот на неговата кампања беше „Затвори ги!“, а неговата книга од 2021 година „Woke INC“ ги осудува деловните стратегии диктирани од климатските промени.

На агендата на Маск се кратење на буџетот од 2 трилиони долари, нешто помалку од една третина од трошоците на американската влада од 6,75 трилиони долари. Според планот на Маск, владата на САД ќе се намали од околу 400 агенции и бирократии на само 99.

Сепак, критичарите на тие идеи и економистите сметаат дека математички е невозможно да се најдат два трилиони долари.