Затворен за сообраќај автопатот Свети Николе – Миладиновци поради наноси од снег и подмрзнување на коловозот
Затворен е за сообраќај е автопатот Свети Николе – Миладиновци, потврди директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.
-Од Свети Николе кон Миладиновци затворен за сообраќај е автопатот поради наноси од снег и подмрзнување на коловозните ленти, вели Ангелов.
Возилата на клучката кај Миладиновци се пренасочуваат да патуваат кон источна и југоисточна Македонија преку Куманово или Велес.
Сообраќајот отежнато се одвива и кај селото Павлешинци на патот Куманово- Свети Николе, поради ветерот кој носи наноси од снег на коловозот.