ЗАТРУПАНИ ДЕЦА ВО РУШЕВИНИТЕ, СПАСИТЕЛИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГИ ИЗВЛЕЧАТ: Морничави снимки од Турција, земјотресот сруши се пред себе (ФОТО/ВИДЕО)
Разорен земјотрес ја погоди Турција рано утринава во 4:17 часот по локално време.
Според АП, најмалку 138 лица загинале во земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во делот на Турција во близина на границата со Сирија, а бројот на жртвите не е конечен. Урнати се 140 објекти.
Спасувачките служби и граѓаните континуирано трагаат по преживеани под урнатините на урнатите згради во неколку градови од двете страни на границата.
На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како спасувачите се обидуваат да извлечат деца од урнатините.
Земјотресот погоди 10 провинции, а беше почувствуван и во Анкара и други турски градови.
Ситуацијата е многу лоша. Јесиљурт има 350.000 жители. Уништени се стари згради. Болницата и хотелот се целосно уништени. Имаме информации дека се урнати најмалку 10 згради со меѓу осум и 20 стана. Имаме проблеми со зградите во центарот кои се постари од 20 години. Снегот што паѓа уште повеќе отежнува се. Ни треба се. Немаме доволно алатки. Правиме се за да ги спасиме луѓето од урнатините, но ни треба помош. Поставивме шатори и се што е потребно. Има колапс во сообраќајот – изјави Мехмет Чинар, градоначалник на Јесиљурт во провинцијата Малатија.